Официјално: Одреден датумот и времето за Ел Класико


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес од Ла Лига официјално го објавија датумот и времето за пролетното „Ел Класико“ кое ќе се игра во рамките на 35-то коло на „Камп Ноу“.

Мечот помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на 6-ти мај во најпопуларнниот термин од 20:45 часот.

Тоа значи дека постојат големи шанси Каталонците до тогаш да ја имаат осигурано титулата. Меѓутоа, Зидан категорично потврди дека „кралевите“ во таков случај нема да прават шпалир.

„Кралевите“ ќе го играат вториот полуфинален меч со Баерн Минхен пет дена пред „Ел Класико“, додека Барселона ќе има подолга пауза пред големото дерби.