Официјално е!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џенифер Лопез и Бен Афлек се повторно заедно во љубовна врска и тука веќе нема сомнеж.

Двојката е снимена како се бакнува во јавност за време на вечерата во Малибу, првпат откако ја обновија својата романса.

Иако изворот тврди дека на парот и се придружило и семејството на Џенифер по повод 50-тиот роденден на нејзината сестра Линда, Бен и Џенифер имале очи само еден за друг. Двојката се прегрнувала, бакнувала и разменувала нежности на масата за време на вечерата. Со нив биле децата што Џенифер ги има од бракот со Марк Ентони, 13-годишниците Макс и Ема.

Фотографиите се објавени од Page Six.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

За време на вечерата, близнаците се упатиле кон Бен и Џенифер за да им покажат нешто на својот телефон. Не е изненадување што Афлек се обединува со поширокото семејство Лопез, бидејќи беше објавено дека Џенифер има одобрување од нејзината мајка.

Афлек и Лопез, кои беа верени уште во 2002 година, во април првпат започнаа гласини дека се повторно заедно. Нивната романса започна само неколку недели по раскинувањето на Џеј Ло со свршеникот Алекс Родригез. Оттогаш, парот се обидува да помине што повеќе време заедно. Во мај, тие отпатуваа во ултра-ексклузивниот клуб Јелоустоун во Монтана, а неодамна изнајмија куќа за одмор во Мајами. Лопез наводно планира да се пресели во Лос Анџелес за да биде поблиску до Афлек.