Home Шоубизнис Одлучното НЕ на Расел Кроу кое го чинеше 100 милиони долари

Одлучното НЕ на Расел Кроу кое го чинеше 100 милиони долари

На гостувањето во шоуто од Хауард Стерн, холивудската и австралиска актерска ѕвезда Расел Кроу, ја откри причината поради која ја одбил улогата во првиот дел од епскиот филм „Господар на прстените“ – улога која веројатно ќе му донесеше заработка од 100 милиони долари.

На австралискот актер му биле понудени 10 проценти од профитот на филмот, наместо однапред платен износ, само доколку ја прифати улогата на Арагорн во првиот дел на епската сага од 2001 година.

„Не мислев дека Питер Џексон навистина ме сакаше во филмот. Мислам дека беше принуден да разговара со мене , зашто во тоа време сите ме сакаа во своите филмови”, вели Кроу.

Тој вели дека со Џексон разговарале по телефон, но можел по гласот да насети дека Џексон не сака тој да настапи во неговиот филм. Филмот заработи над 870 милиони долари во светот, а Кроу веројатно би добил околу 100 милиони како процент од заработката.

На прашањето на Стерн дали секој ден размислува за оваа пропуштена шанса, холивудската ѕвезда рече дека никогаш не размислувал за тоа.

Во ова интервју тој раскажа и дека ја пропуштил улогата на Вулверин во „Икс Мен“ и го предложил Џекман, кој многупати до сега јавно му се заблагодарти на Кроу за улогата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …