Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Овој петок носи сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 24 до 35 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево и потопло со мала до умерена облачност и дневна температура до 32 степени.

И утре ќе преовладува сончево и топло време со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во недела ќе дува повремено засилен југозападен ветер, а од понеделник ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови опаѓање на температурата за неколку степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…