Home Вебкафе Одеше гола меѓу минувачите и им дозволуваше да ја фаќаат за интимните места

Одеше гола меѓу минувачите и им дозволуваше да ја фаќаат за интимните места

Швајцарската уметница Мило Моире сака да го привлече вниманието во јавноста врз правата на жените да си ја изразат својата сексуалност и само ти да одлучуваат кој, кога и како ќе ги допира, независно од нивниот стил на облека.

Со такви побуди, излезе на улиците од неколку европски града и се рашета гола  по градскиот асфалт, изведувајќи го својот уметнички перформанс со „кутијата со огледала“.

„Што се случува кога женската сексуалност е изложена пред јавноста…(и кога) таа преземе иницијатива, утврдувајќи ги јасните правила на интимна размена“, стои во описот на перформансот.

Во склоп на перформансот, на градите и своето меѓуножје таа стави кутија од огледала, а потоа ги повика луѓето да ја допираат низ отворите од кутијата на интимните места. Во кутијата се наоѓаа камери кои ги снимаа нивните допири. Мило ги бираше мажите и жените кои смееја да пуштат рака, а тоа не смееше да трае подолго од 30 секунди.

„Во Дизелдорф кутијата ја држев на градите, а 40 насто од луѓето кои ме допираа беа жени. Во Амстердам и во Лондон две жени ги ставија рацете во кутијата кај гениталиите“, објаснува Мило.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…