Ждребот ги спои Арсенал и Челзи во Лига Купот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одржа ждребот за полуфиналето во англискиот Лига Куп, а дуелот на Арсенал и Челзи секако ќе привлече поголемо внимание отколку втората полуфинална средба меѓу Бристол Сити и Мачестер Сити.

Ова е исходот по синоќешните два одиграни меча во четвртфиналната фаза во кои составот на Бристол Сити направи големо изненадување со победата од 2-1 над Манчестер Јунајтед. Со истиот резултат Челзи го победи Бурнемунд.

Првите полуфинални средби на програмата се на 9 и 10 јануари, а реванш дуелите две седмици подоцна, односно на 23 и 24 јануари.