Од врвот на дното – некогаш жешката убавица денес е тажна бездомничка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившата сопруга на американскиот актер и пејач, Џереми Џексон (40), 37-годишната Лони Вилсон, некогаш беше манекенка и уживаше во луксузот. По нивниот развод таа изчезна, а после две години е пронајдена како непрепознатлива бездомничка.

Имено, Лони и ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“ беа во брак од 2012 до 2014 г., но се разведоа по многуте кавги поради влијанието од алкохолот.

Во 2018 г. нејзините пријатели се обидоа да ја наговорат да оди на клиника за одвикнување од опојни средства, особено од кристалниот метамфетамин и да ги реши своите ментални проблеми. Но, таа после тоа исчезна и сега е пронајдена во сосема поинакво издание, како друга личност.

Таа на улиците во Лос Анџелес се појавила како бездомник, изгледала значително постаро и одбивала помош од кого и да било.

Лони Вилсон шетала со колилка полна со отпад, била валкана и на себе имала повеќе слоеви облека. Носела качкет, очила за вид, а обликот на главата и лицето и биле сосема поинакви.

Облеката што ја носела ја нашла во контејнер, а мислењата на незините поранешни фанови се поделени, некои велат дека изгледа како момче.

Косата ја скратила, има розови шишки и нема ни трага од расната русокоса која заведуваше мажи ширум светот. Минувачите кои ја гледаа во живо се сожалуваа и ѝ даваа храна за повеќе да не јаде од контејнерот. Тажните фотографии од некогашната убавица погледнете ги во галеријата.