Од Тетово е, „тежи“ над 3 милијарди долари и е најбогатиот Албанец во светот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Назиф Дестани, Албанец од Тетово, чие богатство се проценува на повеќе од 3 милијарди долари, е најбогатиот Албанец на светот, тврдат албанските медиуми.

Тиранскиот весник „Мапо“ пишува дека Назиф Дестани кој е брат на познатиот глумец Блерим Дестани и син на сопственикот на компанијата Ecolog-International, Лазим Дестани, учествувал на големиот спектакл на најгледаната албанската телевизиска емисија Opinion, на ТВ Клан, кој ја води познатиот албански новинар Бледи Фејзиу.

Лазим Дестани

Медиумите во Албанија наведуваат дека Назиф Дестани не е многу заинтересиран за да биде пред камерите, но притоа додаваат дека оди сигурно по бизнис чекорите на негивоот татко кој е основач на познатата компанија која има свои активности во 39 земји во светот.