Home Актуелно Од шоубизнис и ПР сектор, во политика – Коста Петров е нов потпретседател на СДСМ

Од шоубизнис и ПР сектор, во политика – Коста Петров е нов потпретседател на СДСМ

Вчера вечер, на седницата од Централниот одбор на СДСМ, меѓу петте избрани потпретседатели на моментално владејачката партија кај нас, од кои тројца беа ре-избрани, се најде и Коста Петров.

Освен Петров, во потпретседателската петорка влегоа и Мила Царовска, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зеќири.

Нови лица во потпретседателската петорка се токму Петров и Мила Царовска, кои ги заменија досегашните Петре Шилегов и Фросина Ременски.

Петров преку својот Фејсбук профил порача дека одлучил да влезе во политика за да се обиде да направи нешто подобро, а не само да стои настрана и да коментира. Вели дека немањето искуство во политиката го смета за свој најголем адут.

Заев пак рече дека преку Коста Петров, којшто е нов во нивните редови, којшто е млад човек и е поканет во ЦО и истовремено е избран за потпретседател на СДСМ со сериозно образование, човек докажан, исто така ја испраќа пораката дека е еден од примерите како може да се засукаат ракавите, да се направат напори да се успее во нашата земја.

Веруваме дека ако партиите ги менуваме, ако станеме отворени и продолжиме да бидеме отворени за квалитетни луѓе од надвор, тоа ќе даде придонес на самите политички партии кои според мене, раководството на СДСМ и ЦО е предуслов за подобро, за промени кон подобро за севкупната наша земја.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Новоизбраниот сенатор Џејмс Таларико ја изненади публиката во воведниот скеч на „Сабота навечер во живо“

Само неколку дена по изборот за сенатор од Тексас, 37-годишниот Џејмс Таларико се појави в…