Од претерано интензивен оргазам го загубил видот на едното око


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


British Medical Journal ја пренесува приказната за Британецот останал без видот на левото око откако доживеал силен оргазам.

Откако ноќта ја минал во страстен секс, 29-годишниот маж се разбудил и сфатил дека не гледа на едното око. Според лекарите тој ги напнал абдоминалните мускули и го задржал здивот, изведувајќи Валсалвин маневар, што го зголемил притисокот во белите дробови што резултирало со пукање на крвните жили во окото.

„Дијагнозата беше нејасна, па побаравме да се врати на контрола за три дена. Тогаш, друг лекар го прашал за неговите сексуални активности и тогаш раскажал за страстниот сексуален однос кој претходел на симптомот“, се наведува во неговата дијагноза.

Конечната дијагноза констатирала посткоитална Валсалвина ретинопатија, а при изведувањето на Валсалвиниот маневар постои опасност и од губење на помнењето.