Ѕирнете ги сефте кадрите од новото продолжение на „Jurassic World“ (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Колин Тревор, сценаристот на „Jurassic World: Fallen Kingdom“, на социјалната платформа Твитер објави куса снимка од новото продолжение на филмот „Паркот Јура“, чија премиера е закажана за 22 јуни 2018 година.

Тоа е прва објавена снимка од филмот, на која глумецот Крис Прат игра со мало диносаурусче.

„Очигледно, кога немате вистински диносауруси, ангажирате луѓе да ги глумат. Но, ги обожуваме механичките кукли. Му даваат душа и реалност на сето тоа. Се обидуваме да најдеме рамнотежа меѓу механичките кукли и компјутерските анимации“, нагласи сценаристот во коментар.