Од куќа во Битола украдени 18.000 евра, австралиски патни исправи и накит


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера вечер од 18 до 21 часот во Битола на улица Довлеџик, во куќата сопственост на 49годишниот Д.К. непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот насилно ја отворил помошната влезна врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 18.000 евра, четири македонски патни исправи, четири австралиски патни исправи, четири рачни часовници, златен накит, женски чанти, мобилен телефон и лап-топ компјутер, по што го напуштил местото на настанот, соопштуваат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.