Од алкохоличарка до најмлада богаташка на листата од Forbes


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Насловната страна на изданието на „Forbes“ за овој месец ја краси Линзи Снајдер, која е најмлада жена на листата на најбогати Американци според овој магазин.

Снајдер има 36 години и над три милијарди долари богатство, што го наследила од татко и, кој се предозирал со лекови во 1999 година.

Но, како што објави „Daily Mail“. животот не бил секогаш благонаклонет кон богатата наследничка, која во минатото била зависник од алкохол. Снајдер сега е на чело на Управата на синџирот ресторани „In-N-Out”.

Во јубилејниот „Forbes 400″ Снајдер говори за своето мрачно минато, како и за трите разводи.

„Тоа беше црн период во мојот живот. До 22-та година веќе бев на дното“, изјави таа.

Моментно е омажена за четвртиот сопруг Шон Елингсон. Линзи вели дека рехабилитацијата, но и грешките со мажите, ја направиле посилна жена, каква што е денес.