Очекувано: Салах играч на сезоната во Премиер лигата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах беше избран за најдобар фудбалер оваа сезона во премиер лигата од страна на Асоцијацијата на професионални фудбалери.

Египќанецот во анкетата зад себе го остави триото на Манчестер Сити, Де Брујн, Лерој Сане и Давид Силва, како и Хари Кејн од Тотенхем и Де Геа од Манчестер Јунајтед.

„За мене е голема чест да бидам избран од колегити. Среќен сум и горд на оваа награда. Им благодарам на фудбалерите кои гласаа за мене“, изјави Салах.

Салах е прв стрелец во Премиер лигата со 31 постигнат гол, а оваа сезона за Ливерпул има постигнато вкупно 41 гол на 46 натпревари.

„Мојата лична желба е да освојувам трофеи со тимот. Секогаш мислам прво за тимот, а потоа за себе си. Најважно е да му помогнеме на тимот да освои некој трофеј“, додаде Салах.

Лерој Сане беше избран за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата. 23-годишниот Германец блескаше оваа сезона во Манчестер Сити и ја освои наградата пред Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед.