Објавени документи кои ги потпишал: Дали легендарниот украински фудбалер Тимошчук е руски шпион?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот украински репрезентативец и долгогогодишен капитен Антолиј Тимошчук, откако почна руската воена инвазија врз Украина добива големи критики затоа што се реши да не го напушти руски Зенит.

Тимошчук кој има најмногу настапи во историјата на украинската репрезентација (144) е прогласен за предавник и многумина се чудат како е врзан да седи во Русија кога оваа земја му ја нападна татковината.

Одговорот на ова прашање го даде новинарот Константин Андријус кој објави фотографии од потпишана заклетва, односно дека Тимошчук е руски шпион.

„Јас Антолиј Тимошчук се заколнувам на верност кон Русија и се колнам дека ќе ги почитувам уставот и законите. Се колнам на верност кон ФСБ и дека ќе ги извршувам наредбите, ќе ги чувам државните тајни и тајните на службата. Спремен сум да го дадам животот за Русија“, гласи заклетвата која Украинецот ја потпишал