Home Спорт Обамејанг: Ја напуштам Борусија на лето!

Обамејанг: Ја напуштам Борусија на лето!

Пјер Емерик Обамејанг ја потврди својата желба следното лето да ја напушти Борусија Дортмунд бидејќи смета дека таквиот потег е важен за напредок во кариерата.

Обамејанг е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а за него силен интерес покажуваат неколку европски гигнати, пред се Реал Мадрид.

„Секој размислува за чекор напред во својата кариера, па така и јас. Уживам во Дортмунд, фановите се одлични, имаме неверојатна поддршка, но доколку сакам да одам напред во кариерата, мислам дека треба да заминам во некој поголем европски клуб ова лето“, истакна Обамејанг.

Африканскиот напаѓач вели дека Реал Мадрид е приоритет, но не ја исклучува можноста да се пресели во Премиер лигата или во ПСЖ.

„Мора да ги видиме понудите и дали ќе играм таму каде што ќе отидам. Реал Мадрид е сон, но се крева премногу врева за тој трансфер. Сите велат дека Премиер лигата е најсилна, но сепак јас мислам дека многу ќе ми одговара шпанското првенство. Париз исто така е атрактивна дестинација, бидејќи мојот мајчин јазик е францускиот“, заклучи Обамејанг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…