О’Саливен е најголемиот на сите времиња!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рони О’Саливен стигна до неговата седма светска титула во снукер и докажа дека дефинитивно е најголемиот снукераш на сите времиња.

Во финалето на Светското првенство Саливен го совлада Џад Трамп со 18:13 и така по бројот на титули се изедначи со Стефен Хендри, а бидејќи освои повеќе рангирачки турнири и држи многубројни рекорди, може да се каже дека после ова тој е најдобриот играч на снукер на сите времиња.

Трамп на отварањето на мечот го освои првиот фрејм, а потоа Рони почна да игра подобро, па после првата серија имаше предност од два фрејма (5:3). Втората сесија повторно подобро ја отвори Трамп и намали на 5.4, но потоа О’Саливен ја презема контролата во своите раце.

Играше Рони феноменално, неговата предност растеше, а после втората сесија резултат гласеше 12:5. Изгледаше дека мечот ќе биде одлучен без возбудувања, но Трамп не мислеше така.

Почетокот на вториот финален ден за него беше како од соништата. Одлично ја одигра третата серија и ја врати неизвесноста со оглед на тоа што после повеќечасовната резултатот беше 14:11 за О’Саливен.

Сепак, Рони последната четврта серија ја отвори со два врзани фрејма и тука го одлучи мечот. Се обиде Трамп со игра на сè или ништо, но не успеа, па така Рони славеше со 18:13 за историја во снукерот.

Многумина ќе кажат дека Рони О’Саливен е попознат од спортот со кој се занимава и уште еднаш покажа дека му нема рамен.