Home Спорт Нуров го освои златото на Медитеранските игри во Алжир

Нуров го освои златото на Медитеранските игри во Алжир

Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров ѝ го донесе златниот медал на Македонија од Медитеранските игри кои се одржуваат во Оран, Алжир.

Нуров во финалето во категоријата до 97 килограми, го победи Фејзула Актурк од Турција со 4-3 благодарение на одличен финиш во борбата.

Турчинот имаше водство од 3-0, но Нуров успеа на двапати да освои по два поени, да направи пресврт и да дојде до победа која му го донесе златниот медал.

Медал за Македонија донесе и Владимир Егоров кој освои бронза откако со 7-2 во репесажот го победи домашниот борач, Кербаче.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…