Сончева и топла последна јунска среда


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Последната јунска среда во Македонија носи сончево и топло време, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје дневната температура ќе достигне 35 Целзиусови степени, Маврово 28, Охрид и Берово 29, Битола 33, Крива Паланка 31, Кавадарци 35, Дојран 36.

И утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. УВ индексот ќе биде 9, а дневните температури ќе се движат од 27 до 38 степени.