Новиот договор на дневен ред: Салах добива двојно поголема плата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на Ливерпул ќе му предложи нов договор на Моханемд Салах после фантастичните партии во својата прва сезона на „Енфилд“, пренесуваат англисите медиуми.

Актуелниот договор на Салах истеква во 2022 година според кој заработува „само“ 90.000 фунти неделно, што не го прави дури ни најдоброплатен фудбалер во клубот.

Меѓутоа, раководството на Ливерпул по секој можен начин сака да го избегне „случајот Кутињо“ и сака да го „блиндира“ Египќанецот со нов договор.

Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул со новиот договор ќе му предложи на Салах двојно поголема плата, односно 185.000 фунти неделно.

Двете страни се оптимисти дека ќе постигнат согласност и новиот договор ќе биде потпишан пред почетокот на Светското првенство.

Салах ова сезона игра сензационално и до сега постигна 41 гол на 44 натпревари, со што сруши неколку рекорди.