Новиот директор на УБК порачува: Во Македонија веќе нема прислушување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Николовски, во интервју за телевизија Телма изјави дека прислушувањето во Македонија е завршена работа, иако не можеше да прецизира од кога точно е прекинат тој процес.

„Само легално, нелегално прислушување нема“, беше категоричен Николовски.

Тој исто така потврди дека навистина постои комбе, но не е жолто и уште се утврдува за што точно било користено. За присуството на Горан Живаљевиќ, претставникот на српската амбасада и разузнавач во Собранието за време на крвавите настани, Николовски рече дека не побарал и не добил дозвола да биде таму од Управата за безбедност и контраразузнавање. Да биде таму и не било во ингеренциите кои ги опфаќа неговиот мандат.