Home Актуелно Едмонд Темелко доби 30 дена притвор за случајот „Титаник“

Едмонд Темелко доби 30 дена притвор за случајот „Титаник“

На градоначалникот на албанската општина Пустец Едмонд Темелко денеска му бил одреден 30дневен притвор поради случајот „Титаник“ што го води Специјалното јавно обвинителство, пренесува телевизијата Алсат М.

Темелко еднаш беше приведен, но потоа ослободен од судот. Случајот се однесува на изборни нерегуларности што според истрагата на СЈО се случиле на локалните избори во 2013 година. Во „Титаник“ се гонат и видни личности од ВМРО-ДПМНЕ како Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

На минатите локални избори стана познат случајот со гласачите од Пустец што организирано доаѓаа да гласаат во општината Центар, а сето тоа беше следено од медиумите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…