Новинарството кое го разоткри фудбалот како валкана игра и корупцијата во ФИФА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џонатан Калверт е повеќеркатно наградуван новинар. Како водач на истражувачкиот тим за Sunday Times во кој работи преку 12 години, Џонатан е и уредник со најдолг стаж во медиумот.

Со својот тим има добиено низа награди, вклучително и наградата Paul Foot за најдобра кампања и истражувачко новинарство, наградата за истрага на годината, како и награда за спортски новинар на годината.

Повеќе пати е прогласуван за највлијателен британски новинар. Неодамна оствари неверојатен успех со својот прилог за корупцијата во ФИФА, што на крајот резултираше со пад на функционерите од врвот на ФИФА. Заедно со колешката Хајди Блејк го опиша овој сензационален процес на истрагата во книгата The Ugly Game.

Кога Џонатан Калверт и неговиот тим од Sunday Times добија стотици милиони документи од „свиркачите“, поминаа месеци и месеци во истрага која резултираше со откривање на еден од најголемите скандали во историјата на фудбалот.

Документацијата ја откри вистината за ФИФА и нивното одобрување за одржување на Светското фудбалско првенство во 2022 година во Катар, земја без никаква фудбалска традиција, со неповолна клима и без соодветна инфраструктура. Нивното истражување индиректно доведе и до крај на корумпираното раководство на ФИФА.

На Weekend Media Festival Џонатан ќе покаже зошто истражувачкото новинарство денес е поважно од било кога.