Home Спорт Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон и стигна до 20. Грен слем титула во кариерата

Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон и стигна до 20. Грен слем титула во кариерата

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон и стигна до својот 20-ти Грен слем трофеј во кариерата.

Ѓоковиќ во финалето беше подобар од Беретини и тоа со 6:7,6:4,6:4,6:3. Со овој трофеј Ѓоковиќ се израмни со Надал и Федерер кои исто така имаат 20 Грен слем титули.

Мечот започна добро за Беретини кој иако губеше со 5:2 успеа да направи пресврт и го освои со 7:6.

Потоа Ѓоковиќ го зголеми нивото на игра и ја оправда фаворитската улога. Следните два сета ги освои со идентичен резултат 6:4, а последниот сет го доби со 6:3.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…