Славни

Нова тужба на Нејмар против Барселона

Бразилскиот фудбалер и ѕвезда на францускиот гигант Пари Сен Жермен, славниот Нејмар, поднесе нова тужба против неговиот поранешен клуб Барселона.

Неговото трето побарување против Каталонците е за 6,5 милиони евра. Претходните две беа за вкупно 32,1 милиони евра, а се однесуваа на премиите за задоцнети плати и неплатен хонорар за обновување на договорот.

Овој пат, Нејмар бара компензација од клубот, откако даночните власти во Шпанија го прашале за сумата за која станува збор. Тие прифаќаат дека дел од парите што Барселона ги платила на Сантош за неговиот трансфер во 2013 година влегле во негов џеб како скриена награда преку фиктивни договори за имиџ правата.

Веста е од „Ел Мундо“, кој пред неколку дена објави дека Нејмар бара 4,5 милиони евра од Барселона за неодигрување на втората контролна средба со Сантош.

Секако, новите потези на Нејмар конечно ја затвораат темата за неговото евентуално враќање на „Камп Ноу“.

Advertisements
To Top