Нова фудбалска трагедија: Хрватски фудбалер почина среде натпревар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На денешниот натпевар во 3-та хрватска лига помеѓу Марсонија и Славонија почина играчот на домаќините Бруно Бобан во 15-та минута.

На 25-годишниот Бруно Бобан во 15-та минута од натпреварот му се слошило и паднал на теренот, а подоцна била констатурана смрт.

Бобан играл на крилната позиција и оваа сезона бил прв стрелец во Третата хрватска лига со 12 гола, а кариерата ја започнал во НК Загреб.

Неговиот брат Габриел Бобан исто така е професионален фудбалер и настапува за Осијек.