Нов удар за Барса: Еден од најважните фудбалери ќе паузира два месеци


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Централниот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити би можел поради повреда да отсуствува два месеци од терените, пренесуваат шпанските медиуми.

Умтити игра фантастична сезона и е еден од најзаслужните за добрите игра на Барса, а денес во 70-та минута го напушти теренот поради повреда на мечот со Селта.

Ако првичните прогнози се покажат како точни францускиот репрезентативец ќе биде надвор од терените до февруари. Дури и повредата да не се покаже толку тешка Умтити е под знак прашалник за големото „Ел Класико“ кое на програмата е на 23-ти декември.

Ова сигурно ќе биде голем удар за Барселона бидејќу Умтити е еден од најдобрите поединци во тимот, па Валверде ќе мора како партнер на Жерар Пике да го игра Томас Вермален.