Home Спорт Нов скандал на Олимпијадата: Најдобрата бразилска одбојкарка падна на допинг тест

Нов скандал на Олимпијадата: Најдобрата бразилска одбојкарка падна на допинг тест

Бразилската одбојкарка Тандара Каишета падна на допинг тестот во рамки на Олимписките игри во Токио. Искусната дама веќе го напушти Олимпиското село и се враќа во татковината.

Олимпискиот комитет на Бразил објави дека прекршокот се случил на вчерашниот тест кој бил направен надвор од натпреварувачкиот период.

Бидејќи бразилската анти-допинг агенција објави дека Каишета падна на тестот, Олимпискиот комитет на Бразил нареди одбојкарката да замине од репрезентацијата.

Одбојкарката се јави преку социјалните мрежи и напиша дека ќе даде повеќе информации кога ќе заврши случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…