Славни

Ноле: „Можам уште утре да ставам крај на кариерата, немам обврски да играм“

Светскиот тениски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, во интервју за француската телевизија Canal+ изјави дека не чувствува обврска повеќе да игра тенис и дека може уште утре да ја заврши својата блескава тениска кариера.

,,Веќе немам обврска да играм.Би можел утре да ја завршам кариерата. Татко сум на две прекрасни деца, синот има пет години и е пред тргнување на училиште. Би сакал повеќе време да минувам со нив”, рече најдобриот тенисер за француската Canal+.

Ѓоковиќ сега има 32 години и полека влегува во последните неколку години од неговата кариера, освен ако не направи изненадување како Федерер, па да остане на турнирите до скоро 40 години.

„Сепак, јас сум среќен што играм. Многу сум мотивиран. Подготвен сум за нови победи во овој одличен спорт”, рече Ѓоковиќ, кој има позитивен однос и против Федерер (26:22) и против Надал (28:26).

„Чувствувам дека имам психичка предност. Значи, пред да започне мечот, не за време на играта. Кога играте, вие сте сконцентрирани само на следниот момент, но пред натпреварот, да, чувствувам дека сум во водство”, заврши Новак.

To Top