Ниту играчите на Јувентус веќе не го разбираат Алегри (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус беше поразен од Бенфика на домашен терен во дуелот од Лигата на шампионите и прв пат во историјата има нула бодови после две кола во најпрестижното клупско натпреварување.

Притисокот врз Алегри е голем, навивачите бараат смена, а очигледно и играчите не можат да го разберат искусниот стратег.

Камерите го уловија Анхел Ди Марија во разговор со Милик, како е зачуден и го прашува зошто беше заменет.

Полјакот игра во одлична форма и беше стрелец на голот со кој Јувентус поведе против Бенфика, а беше заменет кога Јувентус бркаше негатива.