Никогаш доцна за авантури: На 90 години го шета светот и стана хит на Инстаграм


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради нејзиниот незадржлив авантуристички дух, пред седум години, денес 90-годишната Јелена Јеркова од Русија одлучила да го промени својот начин на живот и да почне да патува шетајќи ги сите делови од светот.

Меѓу другите, досега ги има посетено и далечните земји како Кина и Виетнам, а најавува дека следна дестинација на нејзината авнатуристичка патувачка агенда е Доминиканската Република.

90-годишната Јеркова станала вистинска Интернет сензација благодарејќи на нејзиниот ведар и авантуристички дух, како и љубовта кон патувањето. Таа ги посетила Виетнам, Кина, Израел, Чешка, Германија и Турција, а највозбудливите моменти ги објавува на нејзиниот личен Инстаграм профил.

Како што вели таа, на 83 години добила желба да се запознае со нови кулутри, па тогаш за прв пат се одлучила да посети некоја странска земја. После тоа одлучила да оди во пензија, која изнесува 10.000 руски рубљи, а за да собере дополнителни пари почнала да одгледува цвеќиња и да корегира облека.

„За мене патувањето е нов живот, нови луѓе и средби. Особено задоволство е да се погледне како луѓето се поздравуваат и како се однесуваат едни кон други. Најважната работа која ја научив во животот е дека постојат многу фантастични луѓе во различни земји. Нема од што да Ви биде страв”, напишала баба Јелена на профилот на Инстаграм.