Најниска температура на Земјата: На ова место измерени минус 98 Целзиусови степени


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Преку сателитски податоци, научниците ја регистрираа досега најниската измерена температура на Земјата која изнесуваше минус 98 степени Целзиусови.

Истражувачите откриле дека температурата на Антарктикот достигнала температура од минус 98 степени Целзиусови. Научниците кои ги објавија истржувањата во еден магазин, велат дека ова е најниската измерена температура во историјата на планетата Земја откако се вршат мерења на температурата.

„Се забележува период на сув воздух, кој овозможува топлината од снегот да замине во вселената“, вели истражувачот Тед Скамбос.

Бидејќи е невозможно да се инсталира метеоролошка станица на тоа подрачје, Скамбос и неговито тим погледнале сателитски податоци од 2003. до 2016. година за да видат колку е ладно.

Иако Антарктикот е едно од најладните места во светот, очигледно некои негови делови се загреваат бидејќи е откриен вулкан под неговите ледените брегови.

Меѓународен тим истражувачи кажа дека вулканот помага во топењето на западниот дел на Антарктикот, а причина за тоа е глобалното затоплување.