NGC 2775 – галаксијата со стравично средиште која ја сним Хабл


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


НАСА, со помош на најмоќниот вселенски телескоп Хабл, неодамна направи снимки од уникатна галаксија NGC 2775, која има застрашувачки и морничав центар.

Галаксијата NGC 2775 е оддалечена 67 милиони светлосни години. Aстрономите забележале дека центарот на оваа галаксија е скоро празен. Кога била помлада, нејзиниот централен дел веројатно бил полн со живот, како што гасовите се кондензирале во ѕвездите. Но, сега се чини дека целиот нејзин гас е потрошен и дека одамна се претворила во sвезди.

Краците што се вртат околу морничавиот центар на NGC 2775 изгледаат меки поради темните линии на прашина и налетите на гасовити облаци. Во нив сјаат милиони светли, млади и сини sвезди.

Спротивно на тоа, другите спирални галаксии, вклучувајќи го и нашиот Млечен пат, имаат појасни краци каде што sвездите и гасот се компресирани.

НАСА објави фотографија од галаксијата NGC 2775 на 2 јули.