Вработен во германската влада осомничен дека бил шпион за египетската разузнавачка служба


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лице кое наводно со години шпионирало за потребите на египетската разузнавачка служба е откриено во канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел.

Соработник на главниот портпарол на германската влада, Стивен Киберт, бил откриен како египетски агент. Лицето ое било вработено во службата за печат и информации на германската влада е осомничено дека работело за египетската разузнавачка служба последниве неколку години.

Федералната служба презеде „извршни мерки“ против тоа лице во декември минатата година, по наредба на Федералното обвинителство, се наведува во извештајот за безбедност, кој е претставен во Берлин.

Истрагата против тоа лице сè уште трае.

Обвинителството потврди за германски „Билд“ дека е покрената истрага против тоа лице поради сомневање за разузнавачки активности.

Според „Билд“, тој е државен службеник на средно ниво во владата.

Федералната служба за печат не сака да го коментира случајот, потенцирајќи дека тие не се мешаат во тековните истраги.

Фокусот на активностите на египетската разузнавачка служба во Германија е да собере информации за египетската опозиција што живее во таа земја, се наведува во својот годишен извештај Службата за заштита на уставноста.

Во исто време, додаваат тие, фокусот на египетските разузнувачи првенствено е членовите на „Исламското братство“.