NFL легендата Брејди се премисли – не оди во пензија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот NFL играч на сите времиња, Том Брејди ја промени својата професионална одлука да оди во пензија, како што најави пред нешто повеќе од еден месец, па продолжува да игра за Тампа Беј.

Том Брејди ќе игра и на 44 години, изминатиот викенд беше на Олд Трафорд на мечот меѓу Манчестер јунајтед и Тотнем, а брзо потоа објави дека продолжува да игра.

„Во изминатите два месеци сфатив дека моето место се уште е на теренот, не на трибините. Тоа време ќе дојде, но не е сега. Ги сакам моите соиграчи и мојата фамилија која ми дава поддршка. Тие прават се што е возможно. Ќе се вратам за мојата 23 сезона во Тампа. Имаме незавршенаа работа“, објави Брејди.

Многумина веруваат дека неговата посета на Олд Трафорд и разговорот со Роналдо биле последната капка која пресудила Том Брејди да се предомисли и да продолжи да игра.

По натпреварот Роналдо и Брејди имаа дискусија на теренот. Неколку часа пред да соопшти дека ја прекинува пензијата, Том Брејди објави видео со Роналдо на кое Португалецот го прашува: „Ти заврши, така?“