Независна експертска обдукција потврди: Џорџ Флојд беше убиен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Резултатите од независната обдукција нарачана од семејството на убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд покажаа дека неговата смрт е убиство, бидејќи тој починал од задушување поради притисок на вратот и грбот, соопштија денес адвокатите на неговото семејство.

Флојд почина на 25 мај во Минеаполис, по интервенцијата на полицаецот Дерек Човин. Според обвинението, Човин за време на апсењето речиси девет минути го држел коленото на вратот на Флојд, вклучувајќи и две минути и 53 секунди откако изгубил свест. Флојд тогаш му велел дека не може да дише.

Аутопсијата утврдила дека притисокот го прекинал дотекот на крв во мозокот на Флојд и дека притисокот врз грбот му го отежнал дишењето, рече адвокатот Бен Крамп.

Крамп побарал обвинението за убиство од трет степен против Човин да се смени во убиство од прв степен и да бидат обвинети уште тројца полицајци.

Резултатот од обдукцијата нарачана од семејството се разликува од наодите на официјалната обдукција, опишани во кривичната пријава против Човин.

Во извештајот за таа обдукција се вели дека не е пронајдено ништо „што би поткрепило дијагноза на трауматско задушување или давење“.

Ден по смртта на Флојд, во Минеаполис избувнаа мирни протести, кои наскоро станаа насилни и се раширија во десетици американски градови.