Незапирлив на теренот: Салах испиша нова историја во Ливерпул


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Мохамед Салах синоќа два пати ја погоди мрежата на Ливерпул против Атлетико Мадрид и така испиша нова историја.

Салах првиот гол го постигна во осмата минуита и така стана првиот играч на Ливерпул кој во 129 години долгата историја на клубот постигнал гол на девет натпревари во низа. Така Египќанецот ја потврди фантастичната форма со која влезе во оваа сезона.

Низата на Салах започна против Челзи, па продолжи во натпреварите со: Лидс, Кристал Палас, Брентфорд, Манчестер Сити, Вотфорд, Милан, Порто и сега против Атлетико.

После три кола во Лигата на шампионите Ливерпул има максимален учинок додека Атлетико и Порто се со по четири бода, Милан е последен без бодови.