Home Шоубизнис Невкусна фотка: Нејмар, друже, преиспитај се – не мораше баш со количка!

Невкусна фотка: Нејмар, друже, преиспитај се – не мораше баш со количка!

Фудбалскиот ас на францускиот гигант ПСЖ, како и на бразилската фудбалска репрезентација, Нејмар, малку ја утна работата со фотографијата со која реши да му оддаде последна почит на починатиот астрофизичар и научен гениј, Стивен Хокинг.

Најскапиот играч на светот моментално е дома во Бразил по операцијата на скршеното стапало во февруари, и е во „трка“ да биде подготвен за Мундијалот. Првиот дел од опоравувањето тој го поминува во количка, во која Хокинг беше „заглавен“ 55 години – од дијагнозата на болест АСЛ во 1963 година.

Нејмар наместо да се фокусира на остварувањата на Хокинг, реши да се „позанимава“ со неговата количка.

„Морате да имате позитивен приод и да го извлечете најдоброто од ситуацијата во која се наоѓате – Стивен Хокинг“, го цитираше Нејмар научникот со фотографија на која фудбалерот се смее во количка. Делува малку бизарно и несоодветно во сета ситуација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …