Неверојатно: Салах за 200.000 евра можел да заврши во нашето соседство!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мохамед Салах моментално е еден од најдобрите фудбалери во светот. Доаѓањето во Ливерпул го лансираше меѓу ѕвездите, па сигирно ќе биде еден од кандидатите за „Златната топка“.

Неговата цена вртоглао расте од ден на ден, но кој знае што ќе се случеше доколку во 2012 година наместо во Базел, египетскиот Араб се преселеше во бугарскиот клуб ЦСКА Софија.

Да, добро прочитавте!

Моментално најдобриот стрелец во Премиер лигата со 31 гол на 35 натпревари пред шест години требало да пристигне во клубот од Софија за 200.000 евра, пренесуваат бугарските медиуми.

Салах наводно бил препорачан од бившиот играч на ЦСКА, Илија Џаков, кој работел во Етипет. Меѓутоа, клубот од соседството не бил заинтересиран за трансферот бидејќи Салах немал државјанство од Европска унија.

Таквата ситуација ја искористи Базел, кој го доведе во своите редови, а потоа го продаде во Челзи….останатото е историја.