Филм / ТВ

Од 13 мај „Невидливи убијци“ на Discovery Chanel

„Дискавери“ нè запознава со трите смртоносни вируси и можното избивање на катастрофални епидемии во серијата „Невидливи убијци“. Епизодите за грип, големи сипаници и ебола премиерно се прикажуваат од 13 мај, 2018 година, во 20 часот на Discovery Chanel.

Вирусите го обликуваат нашето здравје и нашата историја и покрај напредокот на современата медицина, секој ден продолжуваат да убиваат милиони луѓе. Грипот, големите сипаници и Ебола се вбројуваат меѓу трите најсмртоносни вируси кои некогаш го погодиле човештвото. Секој од нив предизвика огромни загуби за човечката популација. Големите сипаници убиле повеќе луѓе од сите војни во историјата на човештвото. Исто така, застрашувачки е факт дека само една епрувета не дели од биомедицинска војна. Грипот секоја година молскавично се шири во светот, еднакво ги убива и младите и старите, а Еболата го шокира и го ужасува светот секој пат кога се појавува.
Суровите ефекти на овие вируси не се дел од минатото. Според неодамнешните извештаи на американскиот Центар за контрола и превенција од зарази (CDC), сезоната на грип 2017-2018 беше меѓу најлошите години од минатото. Големите сипаници се искоренети, но се една од најголемите закани за био-тероризам. И следната епидемија на еболата постојано не демне.

„НЕВИДЛИВИ УБИЈЦИ“, серијата на Дискавери Каналот, се состои од три дела и е снимана три години. Гледачите ги води околу светот и објаснува како вирусите го обликувале нашето здравје и нашата историја, кои имале биолошки и социјални влијанија врз глобалното општество и неверојатна работа која е направена во нивното потиснување. Во постојаната борба на луѓето и вирусите, серијата НЕВИДЛИВИ УБИЈЦИ покренува прашања: Дали сме победници? И дали ќе бидеме подготвени кога ќе се појави следната пандемија?

ГРИПОТ (премиерата е на 20 мај во 20 часот на каналот Дискавери) влегува во неверојатна и слабо разбирлива историја и влијанието на овој постојано еволуирачки вирус, честопати потценуван како роднина на обичната настинка. Секоја година, шест месеци пред претстојната сезона на грип, се собираат работниците на светската здравствена организација и шпекулираат за тоа која форма на вирус ќе преовлада и ќе утврдат која вакцина ќе биде најуспешна во лекувањето на заразените. „Ние треба да погледнеме во стаклената топка и да кажеме која форма од илјадници и илјадници вируси ќе се појави за шест месеци? Кои се нашите најдобри предвидувања?“ објаснува д-р Дејвид Моренс, виш научен советник, NIAID/NIH. „И тогаш треба да направиме вакцина“.
100 години подоцна, оваа епизода потсетува на катастрофалната пандемија на грип во 1918. Тогаш немаало вакцини, а според проценките, во светот биле убиени меѓу 50 и 100 милиони луѓе, а само 700.000 во САД. Се навраќаме до денешен ден, кога вакцината против грип е достапна по пристапни цени за милиони луѓе низ целата земја, повеќето луѓе погрешно веруваат дека вакцината предизвикува болест – верувањето за кое здравствените работници предупредуваат дека е погрешно. Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и инфективни болести, објаснува „неверојатен е потенцијалот кој грипот го има за да уништи одреден број на популации. Тоа може да прекине“.

ГОЛЕМИ СИПАНИЦИ (премиерата е на 13 мај 2018 година во 20 часот) зборува за веројатно најголемиот успех на медицината, целосно уништување на најлошата болест позната на човековиот род, чума одговорна за смртта на околу 500 милиони луѓе само во 20 век. Новинарот Мајкл Спектер објаснува: „Големата сипаница веројатно убила повеќе луѓе од сите војни во целата историја на човештвото. Денес, 40 години по искоренувањето на болеста, овој смртоносен вирус може да се врати – овој пат како најсилно оружје за био-тероризам што го загрозува човештвото. „Ова изгледа како оружје за масовно уништување во 21-от век“, нагласува COL. RandallLarsen, USAF (RET) и директор на Институтот за Homeland Securitystates, „дека ова е прашовит вирус на сипаници, земете 20 грама прашок во чантата, посипете го во метрото и ова ќе го промени текот на историјата“.

ЕБОЛА (премиерата е на 27 мај во 20 часот на каналот Дискавери) испитува еден од најсмртоносните вируси во светот кој се пренесува преку физички контакт со телесни течности. Еболата го претвора човечкото сочувство во човечката ранливост затоа што ги напаѓа луѓето и здравствените работници кои се грижат за болните. Епизодата се осврнува на појавата на епидемијата во Западна Африка во 2014 година, каде недостатокот на здравствена инфраструктура, култура и обичаи и бавната реакција на светот предизвикаа најсмртоносната епидемија што некогаш беше забележана. Сима Јасмин, CDC епидемиолог, изјавила: „Епидемијата во Западна Африка ни покажа дека појавата на епидемии , каде било е закана за сите и дека мора постојано да сме подготвени”. Епизодата прикажува драматична трка за развој и тестирање на вакцината пред епидемијата да заврши и успехот кој е постигнат.

To Top