Кристиано Роналдо стартува нов проект – станува анимиран суперхерој! (Фото)

ronaldo

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо се подготвува да направи анимирана серија „Striker Force 7“ во која тој би ја имал главната улога.

Роналдо соработува со компаниите „Graphic India“ и „VMS Comunications“ со цел да ја реализира својата идеја на што повеќе платформи, како што се анимирани стрипови и помали игри.

„На ист начин кој фудбалот го поврзува светот, верувам дека тоа го прават и познатите анимирани ликови и херои. Навистина сум возбуден што мојата страст кон фудбалот и суперхероите ќе имам прилика да ја спојам преку овој прокет кој наскоро ќе и го претставам на јавноста“, изјави Роналдо.

Сега, светот сигурно си го поставува прашање дали Роналдо е толку заљубен во себе, па мора да направи и перфектен анимиран херој или пак едноставно преку ова гледа одлична прилика за нов бизнис и дополнителен профит