Неверојатно: Навивачи го демолираа сопствениот автобус по грешка!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на Кристал Палас се обидоа да го уништат автобусот на Мидлсброу, пред натпреварот за викендот во Премиер лигата, но направија грешка поради која денес им се смее цел свет.

Имено, на автобус паркиран пред хотелот за гостинските навивачи тие испишале „Кристал Палас“ со спрејови, а претходно го обоиле со црвена и сина боја.

Мислеле дека тоа е автобус на Мидлсброу, но на крајот испадна дека тоа било возило на нивниот тим. Од клубот потврдија дека е направена штета од околу 45.000 евра.

Оваа случка наиде на голем сеир во англиските медиуми и социјалните мрежи, кои ја проценија оваа постапка како една од поглупавите во историјата на англискиот фудбал.