Home Нобел Научна реалност Неуспех за првата месечинска мисија на Израел – вселенското летало се сруши на Месечината

Неуспех за првата месечинска мисија на Израел – вселенското летало се сруши на Месечината

Израелското беспилотно вселенско летало „Барешит“, кое Израел го лансираше за да биде нивно прво летало кое ќе слета на нашиот природен вселенски сателит, се урна на површината на Месечината, по низата технички дефекти за време на слетувањето.

Со уривањето на вселенското летало, се урнаа надежите за историско слетување на израелско летало на Месечината. Беспилотното летало повремено имаше проблеми со дефект на моторите и комуникациите за време на 20 минутното слетување на површината на Месечината.

Леталото патуваше низ вселената седум недели низ повеќе орбити околу земјата, за минатата недела да влезе во гравиртацијата на Месечината.

Со последниот маневар вселенското летало влезе во тесна елипсовидна орбита околу Месечината, на оддалеченост од 15 до 17 километри од нејзината површина . По тоа следуваше разочарувачки крај на мисијата.

Израелците ова не го сметаат за апсолутен неуспех, бидејќи во суштина „тие слетаа на Месечината, но не на начинот на кој сакаа да го направат тоа, па ќе проверат што се случило во последниот сегмент од мисијата“, како што рекоа астрономските научници од оваа земја.

За сега само три земји успеаја да слетаат на Месечината и тоа САД, Советскиот Сојуз и Кина.

Load More Related Articles
Load More In Научна реалност
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…