Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Девојче заврши со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница откако една од негувателките случајно истурила кафе врз детето додека поминувала низ креветчињата.
Инцидентот се случил завчера околу пладне, додека децата спиеле во објектот на градинката Чекорче во скопски Аеродром. Детето било однесено на клиниката за детска хирургија каде му била констатирана повредата.
Родителите го пријавиле случајот во полиција. Директорот на градинката, Јоаким Димулков за 24 Вести потврди дека инспекциските служби од Министерството за труд и социјална политика ја посетиле градинката, а на негувателката која го истурила кафето врз девојчето веќе и е раскинат договорот.