Неговата е најскапа на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рускиот олигарх Роман Абрамович, сопственикот на Челзи, се почести со нова јахта. Реновирањето на луксузниот брод, долг 140 метри, траело шест години и е по вкус на богатиот Русин.

Станува збор за јахтата „Соларис“, за која Абрамовиќ платил 500.000 евра пред шест години. Три години, луксузниот брод бил под специјално уредување во германското пристаниште Бремерхавен, а за работите била задолжена компанијата „Лојд Верфт“.

Извори блиски до англиските медиуми велат дека хангарот во кој била извршена поправката е поголем од Бакингемската палата, и дека „Соларис“ веќе е сериозен кандидат да биде прогласена за јахта на годината.

„Ова е најновата играчка на Роман вредна 610 милиони долари. Мега јахтата е најскапата јахта што е направена по нечие барање. Има неверојатно напредна технологија, долга е 140 метри и има 48 кабини во кои може да се сместат екипаж од 60 луѓе и 36 гости“ – стои во описот на порталот „Луксо“, специјализиран за јахти.

Текстот исто така вели:

„Ова е најбезбедниот брод на светот, направен е за тесниот круг на пријатели на Роман. Соларис има најсовремен безбедносен систем, потоа радарски систем за откривање проектили, прозорци отпорни на куршуми и специјална заштита со оклоп. Има вградена теретана, сауна, џакузи, базен и мал ноќен клуб. Има и вистинска флота со џет скии, како и хелиодром на кој може да слета хеликоптер“.

Роман Абрамович во моментов ја користи јахтата „Eclipse“, која по модификациите направени по барање на рускиот магнат, се проценува на над милијарда долари. „Eclipse“, меѓу другото, е вооружено со проектили, во случај јахтата да биде нападната.

Се проценува дека „Соларис“ ќе биде осма јахта во се` помоќната флота на Роман Абрамович.