Вебкафе

Не знаел колку е возрасна до веридбата: Тој 28, таа 82 години – честит брак луѓе

Софијан Лохо Дандел, 28 -годишен дечко од индонезискиот остров Мантехејџ, пред една година стапил во телефонски контакт со жена која минатиот викенд му стана сопруга. Сè до моментот на запознавање, кој следел долго после телефонскиот разговор, тој својата избраничка воопшто не ја прашал за годините.

За медиумите Софијан призна дека никогаш претходно немал девојка и дека едноставно се заљубил во непозната личност со која се чул по телефон.

После неколку месеци разговори, тој одлучил да ја запознае Марта Пот, поради што тргнал на 120 километри оддалеченото село каде што живеела таа. Со оглед на тоа дека никогаш претходно својата избраничка не ја прашал за годините, бил вистински изненаден кога го дочекала 82-годишна жена.

Како што вели, ни на крај памет не му паѓало дека Марта има толку години, но дека тој факт никако не влијаел на нивната врска. Вљубениот пар набрзо се вериле, а минатиот викенд и официјално стапија во брак.

Advertisements
To Top