Не стивнува прашината околу „случајот Мбапе“ – откриени нови интересни детали


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Драмата која ја предизвика Килијан Мбапе со одлуката да остане во ПСЖ и да потпише нов договор до 2025 година сè уште држи интензитет.

Мбапе имаше комплетен договор со Реал Мадрид и се очекуваше негов трансфер на „Сантиаго Бернабеу“, но на крајот реши да остане во ПСЖ.

Новинарот Томас Гонзалес-Мартин откри дека Мбапе уште во декември се согласил да добие бонус за потпис во Реал Мадрид.

„Не сум изненаден од тоа што се случи. Да ме прашавте пред две недели, ќе ви кажев дека работата е завршена. Мбапе доби аванс од 40 милиони евра од неговиот бонус за потпишување на договор уште во декември минатата година. Сепак, тој не можеше да одолее на понудата од 300 милиони евра во бонуси од Париз“, изјави новинарот.