Home Вебкафе „Не се прашувај дали соништата ти се луди, туку дали се доволно луди“ – Nike и Колин Каперник

„Не се прашувај дали соништата ти се луди, туку дали се доволно луди“ – Nike и Колин Каперник

Да, Nike дефинитивно имаше огромна улога во општествената борба и кампања која ја водеше играчот на американски фудбал Колин Каперник. И направија одлична соработка и одлична реклама со него. Добро, сега, тоа што Nike, спротивно на вредностите и принципите за мотивација кои ги промовира, угнетува и финансиски злоупотребува огромен број работна сила, која им работи за мизерни плати ширум светот (не и во Америка, нормално) – тоа е друга приказна, која ја сфаќаат и разбираат оние кои ја гледаат целата слика.

Сега деновиве им се насрчија на Nike токму заради Каперник. Не станувал човекот на химната (си имал причина), а овие соработувале и снимале реклами со него. Американските десничари не сакаат да го „сварат“ тоа, па палат Nike производи и лупаат на социјални мрежи таква кампања. Така што, испаѓа дека секој си ја тера својата „битка“ и својата кампања.

Сепак, рекламата на Nike со Каперник е мотивирачка и одлична, ќе признаете.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…