Ако денес имаше референдум за Брегзит – еве како ќе гласаа Британците


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според новите статистички анализи и проценки и Британциве испаѓаат превртливи во релативно краток рок.

Ако денес имаше референдум за Брегзит, британските гласачи би гласале со 59 отсто би биле „за“ и 41 отсто против престојот на Велика Британија во Европската унија, велат последните анкети.

Ова го покажува новото социолошко анкетирање, со што тоа е највисока поддршка за членство во ЕУ во слична анкета, регистрирана од референдумот за Брекзит во 2016 година до денесм пренесува “Ројтерс”.

На референдумот на 23 јуни 2016 година имаше 17,4 милиони од кои 51,9 отсто од гласовите, го поддржаа излегувањето од ЕУ, додека 16,1 милиони. Гласачи, или 48,1 отсто од гласовите, го поддржаа останувањето во Заедницата. Многу социолошки студии пред референдумот предвидоа победа за оние кои сакаа Британија да остане во ЕУ.

Сепак, консултантот Џон Кертис предупреди дека 53 отсто од испитаниците гласале да останат во заедницата во 2016 година, поголем процент од актуелните избори.

“Сепак, тоа значи дека има сериозна промена на ставовите , која е поголема од сите анкети направени по Брекзит, како кај втор референдум околу 54 проценти од граѓаните би гласале за останување во Заедницата”, истакна Џон Кертис .

Во анкетата учествувале 2 048 британски државјани, спроведена меѓу 7 јуни и 8 јули, што значи дека не одразува евентуални промени во мислењата на граѓаните, предизвикани од објавената стратегија на британскиот премиер Тереза ​​Меј за преговорите со ЕУ по излегувањето од Заедницата . Стратегијатаја раздели Конзервативната партија на Меј и предизвика остри критики како од приврзаниците на хард Брекзит, така и од оние кои сакаат зачувување на поблиски врски со ЕУ.

Велика Британија мора да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година, но допрва треба да постигне договор за идните односи со Брисел.

Британската влада ја отфрли можноста за втор референдум.