Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Денес во 11 часот и 30 минути, генералиот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе го посети скопското село Стајковци, а домаќин на настанот ќе биде градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски. Посетата на Стајковци е по повод акцијата на војниците на НАТО кои со својата механизација помогнаа во санирање на штетите од поплавата во август 2016 година во која загинаа 23 лица.
Предвидена е и средба со жителите на улицата 24 каде се одвиваше и акцијата на припадниците на НАТО.
Столтенберг и градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски на плоштадот спроти ООУ „Кирил и Мeтодиј” ќе имаат средба со граѓаните, по што ќе следува и нивно обраќање.
Во знак на благодарност за помошта што НАТО ја даде за санирање на штетите Столтенберг од градоначалникот Георгиевски ќе добие благодарница.
Столтенберг денеска ќе има заедничка прес-конференција и со скопскиот градоначалник Петре Шилегов, по повод именување на улица во Скопје по неговиот татко, дипломатот Торвалд Столтенберг, кој е прогласен за заслужен граѓанин на Скопје, поради неговото лично залагање за големата помош што Норвешка ја даде по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
Од кабинетот на градоначачникот Шилегов велат дека пешачката улицата во Градскиот парк меѓу јужната трибина на стадионот и езерцата во паркот од утре ќе го носи името Торвалд Столтенберг, кој почина на 14 јули годинава на 87-годишна возраст.